Понеделник 22 април, режиска проба на голема сцена од 18 часот. Двата хора треба да се на сцена бидејќи ке се пробува прологот заедно со бинската музика каде што вториот хор е поставен во ложите а првиот е на сцена. Исто така и сцената со Џулиета. Пробата е со диригентот.
Вторник 23 април. во 11 часот режиска проба за вториот хор, сцена со Олимпија. Во 18 часот проба од почеток до крај, значи двата хора се ангажирани. Попладневната проба е со диригентот.
Среда 24 април, режиска проба во 11 часот двата хора од почеток до крај. Од 18 часот режиска проба од почеток до крај, двата хора ангажирани. Попладневната проба е со диригентот.
Овој распоред не е дефинитивен, бидејќи не е објвен на табла. Можно е диригентот да побара музичка проба со хорот. Секако таа проба ќе гледаме да ја врземе со режиската, односно да биде еден час порано. Исто така инцидентно ќе бидат повикувани одредени хористи на костимска проба, секако ќе се пази да биде екстра доаѓање туку во ист термин со другите проби.
Слободно пишувајте коментари и давајте предлози на блогот. Секоја добронамерна идеја е добредојдена.
No comments:
Post a Comment